Пресуда на Основниот суд Кавадарци

Кавадарчанец имал секс со магаре, се снимал и објавил на Фејсбук, доби казна од 400 евра

Жител на кавадаречко село е осуден затоа што со помош на пријател прикажал на социјалните мрежи како има секс со магаре. Од Основниот суд Кавадарци ни потврдија дека има ваква пресуда и дека е донесена одлука обвинетиот да се казни со парична казна од 400 евра. Кривичното дело за кое одговарал е „задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот, според кавадаречкиот суд не се жалел и пресудата е правосилна. Се работи за помладо момче, но заради специфичноста на кривичното дело и заштита на неговиот идентитет, од Судот не го откриваат идентитетот. 

Според пресудата, кривичното дело се состои во вршење полово дејствие, пред друг на јавно место, со што е прекршен половиот морал. 

Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно, магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук.

Така и всушност бил откриен овој настан кој се случил на 5 март годинава, околу 12.30 чaсот, во близина на фудбалско игралиште на селото.  

Парична казна од Основниот суд во Кавадарци е од 40 дневни глоби во вредност од по 10 евра, или вкупно 400 евра. 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе