JO за гонење на организиран криминал

Јанева кај Русковска отиде со адвокат, како сведок или како осомничена?

Катица Јанева, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, денеска на распитот кај обвинителката од организиран криминал Вилма Русковска влезе со адвокат.

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал минатата недела ја покани Јанева да даде исказ за случајот „Рекет“ како сведок.

Присуството на адвокатот на денешното давање исказ го отвори прашањето за тоа дали Јанева е сведок или осомничена. Не е вообичаено на изјава на сведок да присуствува и адвокат, освен ако повиканиот не е жртва или оштетено лице. Но и не е забрането.

Јанева денеска во 10 часот влезе во зградата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал во Скопје, придружувана од адвокатот Стеван Павлевски, поранешен републички јавен обвинител. Таа сѐ уште не е излезена од зградата.

Павлевски е адвокат и на еден од осмничените во случајот „Империја“, Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“. „Империја“ е случај на СЈО. Значи Јанева ја брани адвокат што е бранител на еден од обвинетите во предмет што таа го гони.

„Согласно законската дефиниција, под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Зошто ова ни се случува?!“, напиша на својот фејсбук-профил адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе