Апелацискиот суд ја уважи жалбата

Катица Јанева од Шутка оди во куќен притвор

Катица Јанева оди во куќен притвор откако Апелацискиот суд ја прифати нејзината жалба на мерката притвор изречена од Кривичниот суд.

Скопскиот Апелациски суд попладнево донесе одлука со која ја уважи жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

„Првостепеното решение е преиначено и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост”, велат од Апелацискиот суд од каде што додаваат дека лекарската документација укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

Судот за Јанева определи и мерки за претпазливост, односно забрана да комуницира со лицата опфатени во случајот „Рекет“, не смее да ја напушта земјава ниту со лична карта, одземен и е пасошот и има забрана за издавање на нов.

Јанева побара и од Кривичниот суд да и го укине притворот и да го замени со домашен за што понуди гаранција во недвижен имот - три стана, но жалбата беше одбиена.

Инаку, Јанева е во притвор од 21 август кога беше приведена поради инволвираност во случајот „Рекет“. Во текот на истрагата таа не даде исказ.

Судскиот процес за случајот „Рекет“ влегува во судница на 3 декември а на обвинителната клупа покрај Јанева ќе седнат Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец.

 

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе