Караџовски на распит во ОЈО за организиран криминал во врска со платите

Зоран Караџовски, претседателот на Судскиот совет денес беше повикан и денес се појави на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје. Караџовски неофицијално е повикан за случајот со покачените плати на членовите на Судскиот совет. 

Во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто, со што нивните плати беа зголемени за 21.000 денари. Информацијата тогаш  ја објави Синдикатот на УПОЗ од каде најавија и кривична пријава против Караџовски. 

Кривичната пријава беше најавен токму поради двете одлуки за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти за членовите на Судскиот совет и за ретроактивна исплата на додатоци за плата за септември и октомври.

Обвинителството испитува основаноста на донесените одлуки и ќе се истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со законот за плати на членовите на судскиот совет.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе