Русковска за пораките цитирани во завршен збор

Канческа-Милевска не е обвинета за „27 април“ оти за неа освен дека ангажирала уметници, нема други докази

Обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите по завршување на судењето за настаните од „27 април" рече дека обвинителниот акт е изменет само во делот на дејствијата на обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Тие измени се направија бидејќи произлегле од одбраната на обвинетите, а се однесуваат на тоа дека ОЈО има неспорни докази дека тие од првиот момент се едни од главните организатори на протестите на „За заедничка Македонија“, а сето тоа за да се оневозможи избор на претседател на Собрание. 

„Не ми е јасно зошто одбраната бараше одложување на завршните зборови кога измената на обвинителниот акт се однесуваше на нивните завршни зборови", посочи обвинителката Русковска.

За тоа дека во завршните зборови таа ја спомена и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска од која цитираше и пораки, а не е во обвинението, Русковска одговори дека тоа е така бидејќи освен тоа дека ангажирала уметници за на протестите, не се обезбедиле никакви докази за сторено кривично дело.

„Нема обвинение бидејќи немавме докази дека освен ангажирање на уметници и познати личности, направила било што друго конкретно. Јас го споменав и Кирил Божиновски, но освен тоа немавме други докази за нешто поконкретно", изјави Русковска.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе