„Јовановски имаше голема моќ да дознава информации и да дејствува“

Камчева: Боки ми рече „За два дена ќе го уапсат Мијалков“, и така и беше

Освен дека Бојан Јовановски му барал пари на Орце Камчев со образложение дека ќе му помогне да не се отвораат постапки за него, на денешното рочиште за „Рекет“ Ана Камчева обвини и дека Јовановски знаел и за отворањето постапки за други лица.

Во своето сведочење таа обвини дека моќта на Јовановски да ги дознава сите информации и да може да дејствува била толку голема што имал сознанија и за притворањето на Сашо Мијалков.

„Сашо Мијалков ќе биде притворен за два дена“, рече Камчева одговарајќи на прашање дали Јовановски споменувал и други лица и постапки пред неа.

Поплавата во СЈО, во која беа потопени и дел од доказите на предметот Империја, Камчева ја нарече смешна и пред судот рече дека Катица Јанева била таа што го уверувала Камчев дека „сè ќе биде океј“.

Во текот на сведочењето таа посочи дека имала средби со Јовановски во канцеларијата во 1ТВ, во неговиот дом и во нејзиниот ресторан Сушико.

Пред судот денеска таа повтори голем дел од она што во петокот веќе го кажа нејзиниот сопруг Орце Камчев, а зборуваше и за тоа дека парите што таа требало да му ги однесе на Јовановски, во сума од 350.000 евра, ѝ ги донела нејзината свекрва Ратка во, како што опиша, „несесер Ејч&ем во боја на праска“.

Овие пари таа му ги предала на Јовановски во неговата куќа, каде што, кога му ги давала, бил и стилистот Сергеј Варошлија.

Останатите 150.000 евра, според неа, требало да ги обезбеди и да му ги даде Кичеец.

Камчева рече дека парите што таа ги предала ги имала обезбедено „Мими“, односно сметководителката Мирјана Бошковска, која е следна за сведочење за случајот „Рекет“.

К.Д.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе