Случај „Рекет“

Камчев зборуваше како бил рекетиран, Јанева му порача дека халуцинира

Орце Камчев денеска ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, третоосуден во случајот „Рекет“, што значи дека од него нема да бара надомест, констатираше судијата Андреј Димовски. Орце Камчев бараше еден милион да му исплатат Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и Милески-Кичеец како и државата, објави Макфакс.

Адвокатот на Камчев, Александар Михајловски, зборуваше како настанал целиот случај.

„Тужената Катица Јанева во таканареченото СЈО, на 13.10. 2018 година одржала прес-конференција на која објавила дека се почнати истраги по три предмети ‘Империја‘, ‘Базни станици‘ и ‘Поштенска банка‘. Прес-конференцијата е одржана 16 месеци откако поминал законскиот рок за покренување истраги согласно посебниот закон. По таа прес-конференција и најавата за водење на тие истраги, на сцена стапил тужениот Бојан Јовановски кој во блиски релации со тужената Катица Јанева и со влијанието кое го имал врз неа, пристапил кон сите овие стопанственици со понуди за разни видови соработки. Пред сѐ, да платат реклами во тогашната телевизија 1ТВ, како и да финансираат наводни проекти. Очигледна била спрегата, помеѓу тужената Катица Јанева и тужениот Бојан Јовановски да се отворат предмети против стопанственици за да можат да бидат изнудувани средства. Во пресудата ќе видите искази на сведоци на кој начин биле изнудувани средства. Така од тужителот биле изнудувани на повеќе средби, прво да плати реклами во тогашната 1TВ, да финансира изградба на шопинг молови, да финансира изградба на старечки домови. Кога тужителот ги одбил сите овие понуди, настапила второтужената Катица Јанева со јавно обзнанување на предметот и изрекување мерка притвор. По сите притисоци се потврдува мерката за тоа кој ги диригира конците, кој ја контролира ситуацијата и на кој начин да ја прифати изнудата“, рече адвокатот Михајловски во воведните зборови.

Камчев, пак, на денешното рочиште за „Рекет“ даваше исказ и раскажуваше како, според него, бил рекетиран, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се јави со реакција дека тој халуцинира.

Откако Камчев посочи дека од Бојан Јовановски му било понуден проект за шопинг мол, а Лазар Јанев, синот на Катица Јанева, бил потпишан на проектот, таа пред сите во судницата се обрати до судијата Андреј Димовски со зборовите: „Халуцинира човекот. Халуцинира. Поарно да чита, бидејќи вака многу хауцинира“.

Претходно Камчев кажа дека добивал понуди за градење на шопинг мол на две локации во Карпош.

„За двете локации беше евидентно дека Бојан Јовановски манипулира бидејќи бев сигурен дека ниту менаџментот на Гранит ниту на Реплек (сопственици на земјиштата) не дале согласност за таков проект“, рече Камчев.

Откако кажа дека со Бојан се познавал 20 години, тој објасни како течеле средбите, кажа дека Катица Јанева изрично рекла дека тој ќе излезе од притвор.

„Причината да се видам со Бојан беше да видам што има да понуди. Имаше конкретна тема, бараше да ми презентира одредени сознанија од истрага која се води во СЈО за мене кои тогаш веќе знаев дека се започнати од СЈО, и притоа уште на првата средба, ми презентираше договор“, кажа Камчев на прашањето од судијата зошто се решил да се сретне со Јовановски-Боки 13.

„Бојан Јовановски ми пристапи преку заеднички пријател во врска со наводна соработка да ми понуди, а со крајна цел изнуда на парични средства со лажни проекти. Првиот проект беше фешн молови, концепт кој тој го измислил, а во кои ќе има модни ревии, популарни дуќани. Како да во светот нема бизнис центри и шопинг молови, па да тоа биде заштитено од Бојан. Притоа, при поднесувањето на договорот за соработка беше потпишано лицето Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира тогашната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кажувајќи дека и тој стои зад проектот за бизнис молови. Споменувајќи дека Лазар користи возило од неговата телевизија дека со него соработува директно и слично. Потоа, продолжи со неговата измислена приказна. Откако го одбив ова барање тој беше упорен и на другите средби ми беше понудено инвестиција во старски домови пошто јас имам луѓе кои се разбираат во таа дејност, кои организираа работен состанок на кои беа присутни луѓе од ‘Систина’. Ми беше понуден проект за носење на европски пациенти, кои 80 отсто би го пополните капацитет на истите, а ветувајќи дека преку Министерството за труд и социјала заради обезбедување на плацеви“, рече Камчев.

Камчев кажал дека смета дека Јовановски-Боки13 злоупотребувал функционери од тогашната власт, за кои знае „дека не беа запознаени со неговите манипулации“.

„Ми беа побарани 4 милиони евра, Бојан беше незадоволен, беше многу моќен во тој период. Имаше телевизија, контакти со политичкиот естаблишмент и тоа знаеше вешто да го искористи со манипулација за конечна цел – изнуда. Третата средба беше да ни се олабават односите цело време тој знае и контролира што работи СЈО и од мои информации бев уверен дека тоа што го кажуваше кореспондираше со тоа што се работи. Покажувајќи слики со Катица Јанева, зборуваќи за ПИ мерки. Во тој притисок, ми понуди трет проект за почеток на соработка, бидејќи првите два му беа отфрлени, нудејќи ми рекламен простор во ‘1ТВ’. Знаејќи колкави се буџетите и ценовниците за маркетинг во најголемите национални телевизии, тој понуди договор 10 пати поскап од ‘Сител ТВ’, наведувајќи дека тоа не е договор само за емитување на реклами во ‘1ТВ’ туку договор за ПР, контакт преку него со Катица Јанева и одредени други личности, а нагласувајќи ми дека тој контролира во СЈО против кој и кога ќе се пушти предмет“, рече Камчев.

Тој уште кажа дека на средба кај Бојан во Орман, катица Јанева ѝ ветила на Ана Камчева дека „тоа што е договорено ќе се заврши“, односно Камчев ќе излезе од притвор откако на Бојан ќе му се исплатат 500 илјади евра.

По една недела, според Камчев, откако биле исплатени средствата, бил пуштен и од притвор.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе