Со одлука на судијата Илија Трпков

Камчев во притвор ќе го посети советник од бугарската амбасада

Бугарската амбасада во земјава испратила барање до Министерството за правда и министерот Бојан Маричиќ да се дозволи на советник во амбасадата да го посети бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, кој од март годинава се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари како обвинет во предметот Плацови на Водно. За ова денеска на рочиште во судот информираше судијата Илија Трпков, кој го води судскиот процес и даде согласност да се оствари таа посета. Посетата, според најавата, ќе биде на 5 ноември.

„Има вербална нота доставена од амбасадата на Бугарија со барање до Министерството за правда да дозволи советникот Герман Ванчев да го посети државјанинот на Република Бугарија, Јордан Камчев. Од моја страна е дадена дозвола да се изврши таа посета исто како што беше и за Јан Фигел иако во документите тогаш имаше само фотокопија од негов дипломатски пасош", рече судијата Трпков.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе