Под морална и кривична одговорност

Камчев тврди дека не добил покана од судот да биде сведок во „Тортура“

По информацијата од судот за денешното рочиште за случајот „Тортура" за кое, како што беше известено, Орце Камчев не дојде да сведочи, тој испрати реакција во која вели дека под комплетна кривична и морална одговорност тврди декa не добил никаква покана и дека доколку му била испратена, нема пречка за да се појави како сведок.

„Во врска со наводните тврдења во медиумите дека сум бил уредно повикан, а не сум се појавил на рочиште како сведок за случајот „Тортура", под полна морална и кривична одговорност Ве известувам дека ниту мене лично, ниту на било кој друг начин не е доставена покана за присуство на наведеното рочиште. Доколку бев уредно повикан , и ја имав примено поканата нема причина поради која што не би се јавил во судот како сведок за случајот", се вели во реакцијата на Камчев.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе