петок, 19 април 2024

Коалицијата Вреди тврди дека ДУИ врши насилство и притисок преку началникот на СВР Тетово

Седат Сулејмани од изборниот штаб на коалицијата Вреди денеска ја обвини ДУИ дека преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок во 6. изборна единица.

Објавено на

часот

Сподели

„Криминалците и корумпираните на власт последниве денови го користат секој механизам за притисок врз граѓаните кои не ги поддржуваат или не излегуваат на собирите на ДУИ и нивниот Фронт. Оваа појава е уште поизразена во шестата ИЕ. Повеќе од еден месец Тетово се претвори во град во кој бандите се борат меѓу себе среде бел ден, каде што затворениците слободно се движат. Додека одредени полицајци секојдневно ги притискаат граѓаните од шестата ИЕ, дури и преку телефонски јавувања, да излезат на митинзи на ДУИ и да гласаат за ДУИ на претстојните избори. Сето ова се случува откако ДУИ на незаконски начин, го држи на функција шеф на Секторот за внатрешни работи, Шефик Бајрами, кој е познат како злобната и одмаздничка рака на ДУИ. Граѓаните во Тетово се потресени од криминалот и настаните што се случија во Тетово откако Шефик Бајрами незаконски беше именуван шеф на Секторот за внатрешни работи“, истакна Сулејмани на прес-конференција во Тетово.

Тој рече дека имајќи ги предвид секојдневните инциденти и случувања, директно го прашуваат министерот за внатрешни работи дали Секторот за внатрешни работи во Тетово и началникот Шефик Бајрами се под негова контрола?

„Дали ситуацијата и вработените во СВР Тетово се под контрола на началникот? Зошто началникот доброволно го прифати сопственото деградирање од функцијата помошник директор во началник на СВР Тетово и тоа само неколку дена пред формирањето на техничката влада? Од друга страна, ја прашуваме и ДУИ, министерот бара Владата да го разреши првиот човек на СВР – Тетово, но Владата незаконски го задржува на функцијата. Зошто?!! Која е улогата на началникот на СВР Тетово назначен од страна на ДУИ?! Што очекува власта од овој началник?! Да обезбеди безбедност за време на изборниот процес или или да ги контролира камионите на јавните претпријатија во Тетово и Гостивар?! Или да создаде паника и небезбедност кај граѓаните?! Додека ДУИ ни даде одговори на овие прашања, ние ќе им ги образложиме точните задачи на овој началник на СВР Тетово, именуван од страна на ДУИ“, рече Сулејмани.

Тој покажа снимки и фотографии од собирите на ДУИ на социјалните мрежи и медиумите, кои според Сулејмани се докази.

„Докажуваат дека овој началник има задача да менаџира со полицајците и полициските инспектори, одредувајќи кој треба да отиде во кој штаб на ДУИ треба да оди, имајќи ги лично под контрола тие полицајци дури и на собирите на ДУИ! Ви прикажуваме само дел од тие фотографии на кои можете лично да го видите првиот човек на СВР Тетово како се шета по партиски активности и врши притисок врз граѓаните но и врз вработените во полицијата. Овие се само неколку фотографии на самиот началник на СВР Тетово и на некои од инспекторите контролирани од него во некои штаби на ДУИ во Тетово и Гостивар, каде присутни биле и Ариф Асани и Ардит Џафе, кои, исто така, се советници во кабинетот на заминик министерот Назим Буши“, изјави Седат Сулејмани.

Тој рече дека тие фотографии ќе ги испратат до сите амбасади и релевантни меѓународни институции, за да имаат појасна слика за ситуацијата за време на кампањата и колку демократски и коректни ќе бидат изборите во регионот на Тетово и пошироко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ