Камчев сам на „Рекет“, сопругата имала покачена температура

Ана Камчева не дојде на денешното рочиште за случајот „Рекет“.

Нејзиниот сопруг Орце Камчев сам дојде во Основниот кривичен суд. Тој го извести судот дека неговата сопруга имала покачена температура.

Судијката Васка Николовска Масевска го задолжи на следното рочиште, за кога е најавено дека Камчева ќе дојде да сведочи, да донесе и медицинска документација за да го оправда денешното отсуство.

Судот извести дека ѝ била испратена уредна покана за денешното рочиште.

Денес сведок ќе биде Орце Камчев.

К.Д.

Фото: Роберт Атанасовски

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе