„Нема потреба да го потсетувате“

Камчев не е лице со посебни потреби, ѝ укажа на Русковска адвокатот на Боки 13

Во мала расправија во судница со висок тон во дуел влегоа адвокатот Сашко Дуковски, кој го застапува Бојан Јовановски и обвинителката Вилма Русковска.

Откако Русковска заврши со испрашувањето на сведокот Орце Камчев, адвокатот Дуковски укажа дека има најмалку 15 работи што Камчев ги споменува денес, а не ги кажал во истрагата.

Камчев, пред кого имаше листови, примерокот во писмена форма од исказот даден во Обвинителство го фрли на страна и му укажа на адвокатот дека не му требаат листовите.

Обвинителката Русковска укажа дека на дел од нештата за кои Дуковски го прашува тој веќе одговорил, по што Дуковски ѝ укажа на судијката дека Камчев е високоинтелигентна личност, а не лице со посебни потреби, и дека сам знае што кажал и дека нема потреба Русковска да го потсетува. 

К.Д.

Фото: Роберт Атанасовски

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе