За случајот „Тортура“

Камчев не дојде да сведочи на судење кај Мијалков

Осомничениот бизнисмен, Орце Камчев лично ја примил судската покана да се појави како сведок на денешното рочиште за случајот „Тортура", но не дојде да сведочи за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој е обвинет за апсењето на Љубе Бошкоски. 

Обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, Љубомир Лапе, побара Камчев да биде стражарно приведен, па судијката Александра Ристеска нареди Камчев за наредното рочиште, закажано за на 5 јули да биде приведен со полиција. Сепак таа му даде можност доколку го оправда отсуството, наредбата ќе биде повлечена.

Во случајот „Тортура", покрај ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфа", Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе