На рочиштето за „Рекет“

Камчев до Боки 13: „Сум пазел куферчево со пари да ти одговара со стајлингот“

Речиси час и половина во Основниот кривичен суд во Скопје на рочиштето за „Рекет“ се слушаат аудиоразговорите што Орце Камчев ѝ ги предал на обвинителката Вилма Русковска. Дел од снимките се телефонски разговори, а дел, според она што може да се чуе во судница, се снимки од лични средби помеѓу Боки 13 и Камчев со оглед дека во позадина се слуша тивка музика, тропање на чаши и нарачување вино.

На една од снимките Камчев гласно се смее и му кажува на Боки 13 дека му ги броел парите 2 часа и дека внимавал куферчето да му одговара со стајлингот.

Камчев: Имаш спецификации. Сум ги броел 2 саати и во пачки ти се спакувани, со ластиче и бројче ти се. Куферчево ти одговара со стајлингот, не бива у торба адидас да се (гласно се смее). 

Во продолжение на снимката се слуша како Боки 13 ѕвони кај некого, а никој не крева од другата страна. По ова тој вели дека веројатно пука со пиштол и не го слуша мобилниот.

Боки 13: Чекај да ѝ кажам дека е завршена работава. Изгледа не ме слуша. Пука со пиштол. 

Камчев: Каков пиштол. Не ме заебавај.

Боки 13: На стрелиште на Камник, пука со пиштол.

Камчев: Еднаш неделно пукаат обвинителите на СЈО на стрелиште? Не ме заебавај. 

На ваквиот разговор адвокатот Сашко Дуковски приговараше дека нема ништо, туку само неартикулирани гласови и смеење од подносителот на кривичната пријава, алудирајќи на Камчев.

Адвокатот Дељо Кадиев вели дека во прашање е доведена и автентичноста на снимката.

К.Д.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе