Кривичен суд

Камчев како сведок: Меѓународен сојуз и Рекет се еден ист случај

Јордан Камчев на денешното судско рочиште побара да биде иземен од својство на сведок во случајот „Меѓународен сојуз". Своето барање Камчев, го надоврза со притворот што претходно му беше одреден.

Тој смета дека надвор од сите законски одредби, со грубо кршење на законот и вршење директна тортура врз него му е изречен притвор со што се создадени вештачки притисоци и со тоа тој не може да биде кредибилен како сведок пред Обвинителството.

Обвинителството и судот не го прифатија неговото барање. Камчев рече дека „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“ се едно исто, односно се работи за ист случај почнат пред предметот „Империја’’ и чија жртва директно сè уште е тој.

Камчев сведочеше дека првпат есента 2018 му биле понудени конкретни  проекти поврзани со организацијата Меѓународен сојуз од Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, кои тој ги одбил поради нивна економска неоправданост и посочи дека воопшто немал контакт со Меѓународен сојуз. За оваа невладина организација имал само некои информации кои ги добил единствено од телефонски разговори со Оливера Трајковска.

„Доколку Обвинителството сака потврда дека тоа е сѐ што знам за Меѓународен сојуз може да ја искористите примената на пи–мерките од мојот телефон кој беше прислушуван“, рече Камчев и додаде дека никогаш немал контакт, ниту пак ги познава Фросина Ременски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, обвинети во Меѓународен сојуз.

Ова барање беше отфрлено од обвинителката Ивана Трајчевска, која рече дека притворот е одреден за друг случај кој не е поврзан со овој судски предмет.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.  

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе