Основниот суд Скопје 1 соопшти

Камчев го добил пасошот поради едукација

Откако специјалната обвинителка Kатица Jанева изјави дека таа дала позитивно мислење на бизнисменот Орце Kамчев да му се издаде времена патна исправа, соопштение испратија и од Основниот суд Скопје 1. Бизнисменот Орце Камчев законски добил привремен пасош, согласност за тоа дало и СЈО, а причините поради кои барал патна исправа се неодложни службени патувања кои ги има како член на управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето.

Соопштението на судот го пренесуваме во целост.

„Во однос на повеќе новинарски прашања како и наводите во одредени медиуми околу патната исправа на еден од осомничените во предметот од обвинителството означен како ‘Империја‘, а по извршените проверки ја информираме јавноста дека:

Осомничениот, преку своите бранители, до судија на претходна постапка
има поднесено барање за издавање на патна исправа со ограничен рок од 8
месеци важност, а заради неодложни службени патувања кои ги има како
член на управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази
во прилог на барањето.

Согласно одредбите до ЗКП, судијата на претходна постапка се обратил до
надлежниот јавен обвинител од каде е добиено позитивно мислење да се
издаде патна исправа со ограничен рок од 8 месеци важност.

Со оглед на добиеното позитивно мислење, судот во текот на минатиот
месец, со писмо го извести Министерството за внатрешни работи дека дава
согласност да се издаде патна исправа со ограничен рок, но со важност од
6 месеци, заклучно со последната служена обврска на осомничениот, а
согласно член 41 од Законот за патни исправи, – МВР во управна постапка
издава патни исправи со ограничен рок по добиена согласност од надлежниот суд.

Согласно одредбите од ЗКП и Законот за патни исправи, судот за дадената
согласност навремено го известил надлежниот орган кој издава патни
исправи.

Уште еднаш потенцираме дека согласно член 144 ст. 2 од ЗКП судот нема
можност да не почитува согласност или предлог на надлежен обвинител и да
изрекува потешки мерки за обезбедување присуство ако истата цел може да
се постигне со поблаги мерки, па во таа смисла и постапувал.

Затоа ја информираме јавноста дека судот постапувал исклучиво според
Законските одредби како и мислењето дадено од надлежниот обвинител, а
што се однесува до мерката за обезбедување присуство определна со
решение на Апелацискиот – Скопје, односно одземање на двете патни
исправи на осомничениот, истата сѐ уште е активна и двете патни исправи
се депонирани во судот“, велат од Кривичниот суд.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе