Рочиште за „Тортура“

Камчев до обвинителот на СЈО: Не е забрането да се збори на мобилен за криминал

Со прашања и со опомени бизнисменот Орце Камчев денес го пречека во судница обвинителот на СЈО, Љубомир Лапе.

Како сведок во постапката Камчев дојде на судењето за „Тортура“ и прво беше прашан од Лапе како е. На ова доби одговор: „Одличен, како сте вие?“. По ова обвинителот на СЈО продолжи со други прашања на што доби опомена од Камчев: „Полека Лапе, каде брзаш?“.

Во врска со тоа што знае за настанот со апсењето на Бошкоски и дали зборувал на мобилен со некого за тоа, Камчев рече дека не било забрането да се зборува за криминал.

„Секој ден 100 пати со 100 луѓе зборувам на мобилен и сигурен сум дека сите зборувале за тоа, бидејќи беше многу интересен предмет. Не е забрането да се збори за криминал", рече Камчев како сведок пред судот.

Камчев на обвинителот на СЈО му укажа дека поканата за која минатиот пат СЈО тврдеше дека ја добил и била потпишана лично од Камчев не стасала до него.

Камчев веднаш потоа рече дека го известил и судот дека бил на службен пат и побара да се утврди кој се потпишал во негово име. За ова рочиште потврди дека добил покана, а за прислушуваните разговори кои се дел од доказите за „Тортура“ рече дека може да се сечени, лепени и монтирани.

По поставените прашања од СЈО Камчев побрза да си замине од судница, но беше опоменат од судот. Судијката му укажа дека можеби адвокатите или обвинетите ќе имаат прашања, но откако тие кажаа дека немаат што да го прашаат тој си замина во придружба на новинарката Оливера Трајковска.

К.Д.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе