Аудио и видео снимки во „Рекет“

На рочиштето се гледаат и слушаат снимки на Камчев со Боки 13

Осум снимки на разговори помеѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски се отворија на денешното рочиште за „Рекет“. Овие телефонски разговори Камчев ѝ ги предал на обвинителката Вилма Русковска на 6 мај, 2019 година. Разговорите не се обезбедени со ПИ-мерки, туку ги направил Камчев кој потоа ги предал на Обвинителството во папка од 8 снимки, од кои 7 се аудио, а 1 е видео снимка.

На една од снимките се слуша гласот на Камчев кој вели дека треба Боки да му каже ова толку, тоа толку и на крајот му вели: „Не ме боли к**от Боки што ќе правиш ти“.   

Камчев: Кажи ти ова е толку, она волку. Кажи вака и вака треба. Јас и ти разговараме, не навлагам, ниту ме имтересира. Ти кажи ми што треба и сите да бидат среќни и задоволни. Јас сум директен.

Боки:  Директен сум и јас. А, што ќе правам, тоа си е мое.

Камчев: „Не ме боли к**от што ќе правиш ти Боки, кажи ова е икс, ова ипсилон, тоа е сумата.

Во друг разговор Боки зборува како Апелација ќе одбие жалба и да бидат подготвени и дека на Врховен суд Јанева нема да употреби правни лекови. Во разговорите Камчев на Боки 13 му се обраќа со шефе, а овој му зборува како во него стекнал голема доверба и поради тоа му кажувал работи само на Камчев.

На следна снимка Орце и Боки 13 зборуваат за нешто што треба да се даде, а го нарекуваат цигара. Во разговорот се слуша како се зборува и за враќање на пасош, а Камчев употребува вулгарни зборови додека разговара со Боки 13. На секоја снимка која се пушта во судница реагира одбраната и на Јовановски и Јанева. Според нив, не може на вакви разговори за кои нема ниту време, ниту датум, ниту пак се знае автентичноста, да се заснова судска пресуда.

К.Д.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе