По договорот Заев - Гаши

Калајџиев: Самите си забија нож во грбот со идејата за меѓународна истрага на судски предмети

Со договорот меѓу Заев и Гаши да се побара Европската комисија со правни експерти да помогне меѓународна истрага на некои судски предмети и тоа селективно - политички избрани, власта самата си заби нож во грбот зашто во момент кога се вели дека сме ги исполниле сите услови за почеток на преговори со ЕУ, македонското правосудство се прикажува дека е дојдено на најниските можно гранки, вели во разговор за МКД.мк универзитетскиот професор д-р Гордан Калајџиев. Според него, станува збор за распродажба на правото, за распродажба и на евроинтеграцијата, а пак во името на ЕУ!

Тоа е пример како самиот да си забиеш нож во грб, вели универзитетскиот професор д-р Гордан Кајалџиев за делот од договорот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, според кој, Владата ќе испрати официјално барање до Европската комисија со кое ќе побара тим од независни експерти да извршат меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание, како што се: Монструм, Алфа, Диво Насеље, Малиот Алмир.

„И од Заев и од Гаши слушавме дека во прв план им е европската интеграција и дека коалицирањето е резултат на сериозноста на моментот, можноста за отврорање на преговорите со ЕУ и перспективите на земјата што не треба да се испуштат. Европските правни експерти се ставени во тој контекст на приказната што ја смислиле. Но, всушност си ставаат нож во грбот зашто тоа звучи како признание дека во државава нема независно судство и дека има политички процеси за кои нема правен лек, па оттаму се бара меѓународна помош. Со други зборови, се претставува македонското судство на најниски можни гранки, пониски и од најниските правосудни гранки било каде во Европа", вели Кајалџиев во разговор за МКД.мк.

Тој вели дека можеби и самите Заев и Гаши не биле свесни што во својата суштина сѐ може да значи така срочената изјава соопштена на нивната прес-конференција кога обелоденија дека е постигнат договор за влез на Алтернатива во Владата.

„Барањето за странска помош со признание дека можеби имало политички влијанија врз судски предмети и пресуди, претставува не само распродажба на правото, туку дури и на евроинтеграциските процеси, а во име на ЕУ! И потоа значи дека самите ја доведуваат државава на најниско ниво, под сите критериуми кога станува збор за правосудството.

На прашањето дали се согласува дека и секако,во рамките на Поглавјето 23 кое во преговорите со ЕУ го третира правосудство, ќе беа искажани ставови за спомнатите, како и за други судски предмети, Калајџиев вели тоа е така, но дека со изјавите на двајца политичари веќе имаме голем проблем.

„Кога Владата и премиерот беа прашувани за политички влијанија врз судски предмети, тоа беше негирано. Но и никаде не стои така тешка оценка дека има монтирани процеси. И сега одеднаш се бара мониторирање. И тоа кога на власт се неколку години и кога одамна зад нив е периодот на владеење на Никола Груевски. Се чини како Алтернатива повеќе да мислела на купување на политички поени, а Заев како да мислел повеќе на спасување на владејачкото мнозинство, тие четворицата пратеници од партијата на Гаши биле како сламка за спас од давење", вели Калајџиев и потврдува дека во рамки на извештаите во рамки на Поглавјето 23 секако ќе влезе сѐ што е негативно.

Според него, доколку едно вакво барање за отворање на судски постапки не би било резултат на политички договор во рамки на власта, туку би било плод на определени барања или предлог на пример на пратеници или други струтктури, тогаш би можело да се толкува и како можно добро решение за да се провери дали има аргументи во определената недоверба во домашното правосудство.

„Но, никој до сега немал таков мандат да оценува кои постапки да се отворат. Добро решение секако не е, имајќи предвид дека во старт е селективно, дека се избрани случаи поврзани со Албанци. Смислено е да биде селективно, како резултат на политичко попуштање. А тоа може да води само кон селективна правда, што пак, е смрт за правната држава. Како неискрен предлог доаѓа и во лошо време и штетата може да биде само преголема", вели Кајалџиев.

На прашањето доколку сепак биде спроведена меѓународна експертиза на судските предмети кои беа наведени од страна на Заев и Гаши, што тоа практично ќе значи и за обвинетите кои имале добиено пресуди, како и за судиите и обвинителите на конкретните предмети, Калајџиев вели:

„Прво, за странските експерти ќе биде проблем од кои документи да извлечат заклучок дали имало или не политичко влијание врз конкретен судски предмет. А доколку бидат извлечени конкретни заклучоци, се разбира странците нема да можат било што да преземат, а евентуалната одговорнос може да оди преку Судскиот совет, во смисла на утврдување одговорност и разрешување од функција. Не сум сигурен дека ваков тип на политизација воопшто има дојдено пред Судот во Стразбур. Во предмети каде нема уште конечна пресуда , ако се дојде до нови докази, тоа може да биде основа за повторување на постапката. Или пак, да се оди со носење на посебен закон, нешто како што неодамна предлагаше пратеникот Павле Трајанов со цел преиспитување на според него монтирани судски предемти, а доколку има широк основ во Законот за кривична постапка за таков посебен закон".

Калајџиев вели можеби за неколку недели или месеци и ќе се заборават изјавите за подготвеност за преиспитување на неколку судски случаи.

П.Џ.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе