Завршен збор за „27 април”

Како вработен во администрација морав да одам на сите протести, кажа Ќосето

Ние вработените во администрацијата моравме претходните години да одиме на сите протести, контрапротести, ГДОМ и други протести, а еднаш и во Долнени притестиравме. И во Скопје одевме на протест. Моравме. Ако те нема два пати те прашуваат зошто не си отишол. Јас работам како инкасатир во велешкиот водовод. На 27 април на протестот во Скопје дојдов самоиницијативно. Ова во судница во процесот за крвавиот четврток го изјави Горанче Ангеловски - Ќосето, еден од обвинетите за 27 април.

Рече дека е лага оти тој ги мобилизирал членовите од „Ќосето” тој ден. 

„Од 73 обвинети само јас од Велес сум го мобилизирал членството. Кога дојдовме во ‘Дион’ седеше Нинџа на страна. Лично не го знаев. Првично ни беше речено дека ќе поставуваат шатори. Потоа излеговме кај банката и еден од групата ме праша дали имам маска. Ми рече да причекам оти може ќе се влегува во Собрание. Стефан Младеновски ни подаде кеса и сите земаа од кесата. Настана општа галама кога видоа дека се гласа за спикер на Собранието. Тоа беше кулминацијата”, нагласи Ангеловски.

Тој додаде дека сите се стрчале кон Собранието, а бидејќи бил крупен тој не трчал, туку чекорел. Пред Собранието кога стасал тој биле отворени вратите, а луѓето никој не ги повикувал.

„Во 2001 година бев во ‘лавовите’, сум бил во низа акции и не се гордеам што бев во една фингирана војна од почитичарите како и сега. Носев маска, па ја вадев и пак ја ставав. Не знаев што правам. Јас не влегов во прес салата. Подоцна седнав во Жена парк. Десно од мене седеа од УБК, Нинџа, браќата близнаци и други. За 10 минути Горан Бошковски ми рече да му помогнам на Сашо Марковски да го чувам. Се согласив. Влеговме внатре тројца. Се вклучи алармот. Почнаа да пукаат шок бомби, а јас останав кај пријавницата. Му се јавив на Кољо и му реков дека не можам да ги чекам. Ситуацијата почна да е сериозна. Обезбедувањето почна да ги репетира пиштолите,а полицајците апсеа. Дојдоа Оливер Радулов и Сашо Марковски и низ ходникот стигнавме во гаражата. Таму на земја беа легнати некои од уапсените и добро ги тепаа. За да се сокријам почнав да и зборам на исклучената моторола. Се правев за да се спасам. Пак стигнавме во Жена парк. Пак беа истите луѓе. Тоа е мојата вистина”, рече Ќосето кој изрази жалење за целиот случај.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе