Завршни зборови за обвинетите за организирањето на настаните во Собранието

Како може исказот на Нинџа, а не доказите да бидат темел на обвинителниот акт за „27 април“, праша одбраната на Ристовски

Со завршни зборови на одбраната денес продолжи судењето за обвинетите за организирањето на настаните од 27 април во Собранието. Адвокатот Гоце Ристески кој го застапува поранешниот министер за образование, Спиро Ристовски во завршен збор пред Судот го цитирање искази на дел од сведоците во оваа постапка, а меѓу нив го спомена и исказот на Александар Василевски-Нинџа. Тој беше осуден во првата постапка за „крвавиот четврток" на казна затвор во траење од 8 години.

Адвокатот Ристески исказот на сведокот Нинџа го нарече некредибилен по секоја основа и посочи дека исказите на сега осудениот се Џејмсбондовски сценарија, но никако вистина за овој процес.

„За Обвинителството исказот на Александар Василевски- Нинџа, претставува главен адут и темел на обвинителниот акт и беше кажано дека ќе биде поткрепен и со други материјални докази. Но, вакви докази не видовме, односно нема. Не можам да сфатам како има и други материјални докази кои го поткрепуваат исказот на овој сведок, ниту пак како може да се верува на Џејм Бондовски сценарија кои се далеку од фактичката состојба. ОЈО ГОК располага со неколку искази на овој сведок и како обвинителот не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок", рече во завршен збор адвокатот Ристески.

Прв исказ Нинџа дал во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал на 14 јуни, 2018 година и тоа е најсвеж исказ и судско правило е дека овој исказ има најголем кредибилитет. Нинџа, вели одбраната на обвинетиот Ристовски, има дадено и други искази и вели дека сите негови искази се исти, но со некој одземен или додаден дел.

„Нинџа има дадено и други искази и вели дека сите негови искази се исти, но со некој одземен или додаден дел. Тој првично дели дека протестите пред ДИК биле организирани од Кирил Божиновски, а потоа дека ги организирал Спиро Ристовски. Дали е ова креација на исказ од Обвинителството за оваа постапка, тоа ќе оставам Судот да цени. Кажал дека му се јавил Сашо Мијалков и тргнал кон Штабот, а тука не го споменува во првиот исказ. Изгледа Василевски заборавил дека има листинзи од неговиот мобилен телефон кој покажуваат дека нема разговори помеѓу Нинџа и Ристовски. Зарем е тоа креација која подоцна треба да се вметне по налог на Обвинителството, и се надевам дека нема да дозволите вакво нешто да помине како постапка во судот. Нинџа вели дека на 27 април му се јавил Спиро да го праша каква е состојбата, а листинзите покажуваат дека во овој период за кој зборува Нинџа воопшто нема комуникација меѓу нив двајца", посочи адвокатот на обвинетиот Ристовски.

Судскиот процес започна на 21 февруари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошкоски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се гонат за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

 

К.Д.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе