Случај Рекет

Кај се јавила Јанева пред да ѝ го земат телефонот? Имало ли налог за нејзино приведување?

Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи вчера имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, неофицијално дознава МКД.мк. Што се случило после во канцелариите на СЈО?

Според нашите извори, додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанева се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутни на овој случај тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките е депониран во странство.

По ова налогот бил заборавен, а официјалните информации потврдуваат дека мобилниот телефон на Катица Јанева е одземен.

Каква врска има ова со причината за нејзината депонирана оставка, во која Јанева бара прво договор меѓу партиите за измените во Законот за јавно обвинителство, па оставка, навистина е нејасно. Денеска обвинителката Ленче Ристовска од името на сите обвинители рече дека поединечните случаи не треба да влијаат на имиџот и секојдневната работа на СЈО. Јанева не беше присутна на оваа конференција за медиуми. Обвинителката Вилма Рускоска потврдува дека во овој случај е замешан и обвинител од СЈО, ама идентитетот во оваа фаза од истрагата не се открива.

Според сѐ уште непотврдени информации, целиот случај всушност се однесува на изнудување пари за реклами на 1ТВ од македонски бизнисмени со закани дека за нивното деловно работење или приватен живот во СЈО имаат снимки. А тие снимки ги поседувал и Бојан Јовановски, директорот на 1ТВ, кој ветувал бришење на снимките и на можните обвиненија со помош на Катица Јанева. Наводно, досега на овој начин биле собрани околу 5 милиони евра од бизнисмени кои биле замешани во дел од случаите на СЈО.

Но еден од нив ја расипал оваа шема. Со помош на бугарски специјални служби, тој снимил неколку од водените разговори со Јовановски. На тие снимки отворено се бараат пари, а потоа дел од нив и се исплаќаат. Овие снимки од службите на соседот, меѓу другите, му биле предадени дури и на премиерот Заев. По овој безизлез и притисокот од порталот Плусинфо со написите за Кики, Коки, Фрики..., клопчето почна да се одмотува.  

А.Д.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе