Реакција

Кадиев: СЈО престана да постои, а што е со имотот, активата, пасивата, вработените...

Во новиот Закон за јавното обвинителство нема експлицитна законска одредба за тоа кој е  правниот следбеник на Специјалното јавно обвинителство, вели адвокатот Дељо Кадиев, кој е бранител на Катица Јанева, поранешната шефица на СЈО која е осудена во случајот „Рекет“.

Еве во целост постот на Фејсбук на адвокатот Кадиев:

„СЈО престана да постои? Сите го закопаа, ама експлицитна законска одредба за тоа во новиот Закон за јавно обвинителство нема. Има одредба која вели дека престанува да важи Законот за СЈО. Дали тоа значи дека СЈО престана да постои?! Некако тешко се согласувам дека без експлицитна одредба тоа може да се случи. Предметите СЈО ги предаде на ЈОРМ, но што станува со имотот-актива, пасива, вработените? Зарем во една држава може да престане една државна институција, а да нема правен следбеник? Кој е, ако веќе постои правен следбеник? Ако некој го преземе имотот на СЈО, активата на СЈО, буџетот на СЈО, секако ќе треба да ја преземе и пасивата. Ако ова остане вака, тоа значи стихијно уништување на една државна институција, уништување без пропишан ред, форма и дејства. Можеме ли тоа да си го дозволиме? Свесни ли се за последиците оние што сметаат дека со ваквата законска одредба се укинува СЈО. Па самиот член 1 од Законот за јавно обвинителство вели дека со тој закон се уредува основање, надлежност, укинување на јавно обвинителство. Е па ако се уредува, како со овој закон се уреди укинувањето на СЈО, ако се укина? Со укинување на Законот за СЈО ?!“

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе