Кацарска утре со државниот врв ќе разговара за проблемите во Уставниот суд

Проблемите со кои се соочува Уставниот суд ќе бидат тема на утрешниот работен состанок на претседателката на Судот Добрила Кацарска со државниот врв, со оглед дека Судот работи без четворица судии и нема мнозинство за одлучување по одредени иницијативи и предмети.

Кацарска ги поканила на средба претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од вкупно девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, по речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии, на 13 мај ја почна процедурата за избор на нови уставни судии. Предложени се девет кандидати. Пратениците од власта ги предложија републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, граѓанскиот судија во скопскиот Апелациски суд, Фатмир Скендер и Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложија шест кандидати: универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе