На повторениот судски процес

Кацарска пак го осуди Поповски на 9 години затвор за „Триста“

Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, по втор пат е прогласен за виновен за злоупотреба на службената положба во предметот „Триста" кој се однесува на набавката на 300 возила во министерството. Пресудата како и првиот пат, така и сега му ја изрече судијката Добрила Кацарска. 

Според пресудата, тој се задолжува да ја надомести штетата на МВР во износ од над 27 милиони денари. Поповски и во првото судење доби девет години затвор, но Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење.

СЈО со обвинителниот акт во „Триста" во текот на судскиот процес тврдеше дека поранешниот помошник министер незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Тој пак, пред судот се изјаснуваше дека не е виновен и заедно со неговата одбрана бараше ослободителна пресуда.

Поповски се наоѓа во затвор и во пресудата му се засметува и времето минато во притвор и во затвор пред правосилност на одлуката. 

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до повисокиот суд во рок од 15 дена по добивање на одлуката во писмена форма. 

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе