„Нема политичар што ќе ми влијае за некоја одлука”

Кацарска: Нереалните критики од опозицијата не допираат до мене

Новата претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска вети и гарантираше максимално отворање на Уставниот суд за јавноста и ги отфрли обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за судењето за „27 април”. 

Во првото појавување пред јавноста откако е избрана на новата функција, таа рече дека никоја нереална критика која не е заснована на факти не допира до неа, додавајќи дека „зарем по 34 години судски стаж некој може да оспорува нејзиниот избор во Уставниот суд”.

За предметот за 27 април рече дека се изнесуваат невистини и јавноста се доведува во заблуда.

„Не може да стане збор за уставобранители за луѓе кои влегле во Собранието, да се постави експлозивна направа, да се тепаат пратеници, новинари, полиција, а од друга страна да гледаме како припадник на полицијата лежи на фотелјите и како се поздравува и гушка со максирани лица или да слушаме ‘пукај имаш чиста мета во Заев’ од маскирано лице качено на клупа”, рече Кацарска и додаде дека според неа пропуст било тоа што судењето не одело јавно во живо за јавноста да ги види снимките од кои тие 2 месеци се згрозувале во судница.

Таа порача и вети дека ниту еден политичар не може да и каже како да работи, додавајќи дека интересите на граѓаните, законитоста и уставноста се на прво место. 

Кацарска, која денеска учествува на тркалезна маса „Транспарентноста и соработката на Уставниот суд на Република Северна Македонија со новинарите и граѓанските организации“, организирана од Институтот за човекови права, говореше и за работата на Судот. 

„Кога станав претседател на Кривичниот суд во далечната 2005 година јас прва го отворив судот за јавноста и кога дојдов во Уставен, мене ми беше несфатливо толку да е затворен судот. Освен тоа како судија во организиран криминал знаете дека новинарите секојдневно беа присутни на судењата. Ви кажувам дека сакам максимално да го отворам судот и тука нема да има никакви проблеми”, порача Кацарска.

Во контекст на отворањето и транспарентноста на судот, таа информираше дека дала итна наредба на новинарите повеќе да не им биде забрането да ги носат своите мобилни телефони на седниците на Уставниот суд, откако и таа била изненадена кога дознала дека носењето мобилни на седниците е забрането. Истовремено побара помош од новинаритеда кажат каде е проблемот со транспарентноста на Уставен суд.

Во однос на изборот на уставни судии, кажа дека се надева оти политичарите ќе изберат добри уставни судии. А фактот што сега недостигаат уставни судии, не му пречи на судот. Тој има сега шестмина, а може да функционира и со петмина уставни судии, но проблем ќе биде гласањето. 

„за тоа кои судии ќе ги изберат политичарите може да разговарате со претставниците на политичките партии. Се надевам и посакувам да изберат професионалци, чесни судии на кои воопшто нема да им биде битно кој е подносител на иницијативата, која одредба се оспорува и слично. Се надевам дека политичарите ќе имаат сенс и ќе размислат добро кого ќе предложат и кого ќе изберат за судии на Уставниот суд. Сепак мислам дека Уставниот суд заслужува тоа да бидат судии-луѓе професионалци”, рече Кацарска.

 

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе