По сослушувањето во Судскиот совет

Кацарска: Неосновани се барањата, на Јанкулоска ништо не ѝ беше ускратено

Судијката Добрила Кацарска ги отфрли како неосновани сите наводи во иницијативата за нејзино разрешување поднесена од осудената во „Тенк”, Гордана Јанкулоска, по денешното сослушување пред Судскиот совет.

„Се она што е наведено во нивното писмено барање е тотална невистина. Барем вие претставниците на медиумите следевте како течеа тие судења. Расправата, односно предметот кога се водеше првично 59/17,  беше опфатена таму и Гордана Јанкуловска. Во ниеден момент не кажа дека е бремена. Оној момент кога кажа дека е бремена и се потврди нејзината бременост, во нејзин интерес Судот ја раздвои постапката. Постапката мораше да биде повторно кај истиот совет затоа што тоа е согласно судскиот деловник”, изјави Кацарска, коментирајќи го поднесокот од адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во поглед на наводите на Јанкуловска дека била дискриминирана политички, Кацарска рече дека ниту била, ниту е член на некоја политичка партија, посочувајќи дека со самото тоа не може да ја дискриминира ниту неа, ниту која било странка која била припадник на некоја политичка партија.

Во однос на долгото траење на рочиштата и посебно на големиот број закажани рочишта, судијката рече дека се повикала и на законска одредба согласно која Судот доколку не ја заврши расправата истиот ден треба да ја одложи за наредниот ден.

„Не може да дојде до прекин на  расправа заради протек на работно време што е утврдено од одредбите од ЗКП и  во судскиот деловник. Тоа го појаснив и во писмениот одговор”, наведе Кацарска.

Но, призна дека не е сеедно по 33 години докажан судски стаж да биде повикана во Судскиот совет.

„Морам да признам дека не се чувствував баш пријатно и убедена сум дека во ниедна демократска земја за вакви наводи во вакво писмено барање за разрешување на судија не бил повикан судијата да биде сослушуван со саати и да се чувствува како на обвинителна клупа. Ова е многу лоша порака што се пушти до останатите судии. Значи судиите кои што треба да работат, кои што би работеле како мене после истекот на работно време секој ден да биде во судница, пораката е внимавајте не судете како Кацарска, можете да бидете повикани во Судскиот совет и да се браните на некој начин”, изјави таа.

Комисијата од Судскиот совет има 15 дена да го изготви извештајот.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе