Судот одлучува за притворот

Кацарска не дозволи ниту еден обвинет да излезе од судница за време на паузата

По образложувањето на одбраната и обвинетите за барањата за продолжување и определување на мерка притвор, судијката Добрила Кацарска даде пауза од еден час за судот да донесе одлука.

Таа не дозволи ниту еден обвинет да ја напушти судницата, а посочи дека ако полицијата успее да организира, роднините може да се видат со притворените лица и дозволи напуштање на судницата само за во тоалет. Таа му рече на обвинетиот Игор Дурловски кого денес го ослободи од обвинение поради немање на докази за кривичното дело „терористичко загрозување на Уставот и безбедноста“ дека може да го напушти судењето и да си оди дома.

Ваквата одлука на Кацарска следи по барањето на обвинителката Ивана Трајчева за определување мерка притвор за сите обвинети кои денес добија затворски казни од 7 до 18 години за упадот во Собранието на 27 април 2017.

По паузата Кацарска треба да донесе одлука за притвор до правосилност на пресуда.

К.Д.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе