За одбраната потегот на судијката е преседан

Кацарска им определи притвор на обвинетите за 27 април, иако гаранциите сѐ уште се на сила, реагираат адвокатите

Адвокатите на првостепено осудените за настаните од 27 април реагира дека е направен преседан со притворот, односно по објавата на пресудата сите 15-мина осудени беа однесени во притвор до правосилност на пресудата, без претходно да се повлечат дадените гаранции. Одбраната смета дека при определувањето притвор за нивните клиенти судот не ја зел предвид високата гаранција кога ја донел одлуката за притворање до правосилност на пресудата, а со ова, според нив судијката Добрила Кацарска направила преседан и постапила спротивно на законот. 

„Јавна тајна е дека дел од обвинетите додека траеше судскиот процес беа пуштени да се бранат од слобода со гаранции кои беа прифатени не само од Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, туку истите беа и потврдени и од страна на Апелациониот суд Скопје", се вели во реакцијата на адвокатите.

„За овие обвинети за кои беше определена гаранција, судијката Кацарска при донесување на решенијата за определување на мерка притвор, намерно или случајно ја заборави изречената гаранција. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелациоски суд им уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, која сe' уште е во правна сила", објаснуваат бранителите.

„Ова е виситински преседан во македонскиот правен систем, нешто што не е дозволено согласно одредбите од зкп, па затоа и никогаш не се случило до сега во македонското судство, ама се случи во овој судски процес некој да биде притворен, а притворот дури и му се гарантира со гаранција од неколку стотици илјади евра, навистина чудно, за правната фела неразбирливо", пишува во соопштението до јавноста.

Според адвокатите, ваквата одлука на судот е во спротивност со одредбата од член 144 став 2 од ЗКП, во согласност со која судот кон обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки, освен кога ќе ја определи мерката притвор.

Адвокатите појаснуваат дека во Законот за кривичната постапка точно се определени условите кога веќе еднаш уважената гаранција може да пропадне или да се врати на обвинетиот, а тој услов не е и не може да биде изречената првостепена судска одука за огласување на виновен за сторување на кривично дело и определување на првостепена казна.

Гаранцијата ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, ако побегне и ако го повтори или доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува.

Адвокатите потсетуваат дека обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО ,,Труст" имал уважена гаранција, па така кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција Кочан не беше спроведен во притвор.

Во петокот Основниот суд Скопје им изрече затворски казни од 7 до 18 години на обвинетите за 27 април, а го ослободи Дурловски. За осудените со првостепената пресуда судијката Кацарска определи мерка притвор до правосилност на одлуката. 

Во моментов течат роковите за жалби на одлуките на првостепениот суд, односно откако сите обвинети ќе ја добијат одлуката во писмена форма, имаат рок од 15 дена да поднесат жалби до Апелацискиот суд во Скопје. По ова ќе треба да биде закажана јавна седна во второстепениот суд, по што ќе треба во најкус можен рок да се донесе одлука по поднесените жалби кои адвокатите веќе ги најавија. 

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе