Југ по пресудата: Ме пониживте со 12 години затвор, требаше и јас да „изедам“ 15-ка

Обвинетиот Игор Југ пред судот во врска со барањето за определување на мерка притвор кажа дека да бил во неговата матична земја Хрватска и да направел 10 отсто од она што го направил за Македонија, ќе бил прогласен за херој, а овде го прогласиле за терорист. Југ посочи дека „голо куче“ не може да избега.

„Постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството. Горд сум што никогаш не сум ги предал своите две семејства. Вие оценете дали сум човек кој би бегал, оти ние тоа во Куманово го викаме ‘голо куче‘. Терористите се кријат во банана држави и си ја плаќаат слободата со милиони. А јас со што да си ја купам слободата, да му дресирам кучиња на Виктор Орбан? Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам“, рече Југ кој е во притвор.

За него обвинителството бара продолжување на мерката.

К.Д

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе