Во Кривичен суд

Југ до Кацарска: Јас сум за работа со животни, таму никој не ми наредува

На денешното рочиште за 27 април како сведок беше повикан и Благоја Василевски, брат на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа и поранешен обезбедувач на експремиерот Никола Груевски. 

Во своето сведочење сведокот Василевски кратко пред судот појасни дека на 27 април бил работно ангажиран, односно бил на службен пат во Виена. Призна дека комуницирал телефонски со својот брат, обвинетиот Нинџа, но образложи дека се чуле телефонски за состојбата на нивната мајка. 

Прашања за братот на Нинџа имаше обвинетиот Игор Југ кој што го праша дали ќе се согласи дека Нинџа особено внимавал кога телефонски го бара и за што го известува. На ваквото прашање се изнасмеаја сите присутни во судница, а сведокот Василевски се сложи со Југ и му одговори потврдно. Југ постави уште едно кратко прашање, дали на 27 април од 16.30 до 17 часот овој сведок примил порака од неговиот брат. И на ова Василевски одговори потврдно и дополни дека вратил на пораката. 

По поставените прашања од Игор Југ, Кацарска му се обрати: „Господине Југ, би биле добар адвокат на некој од обвинетите”. Игор Југ со насмевка на ова одговори: „Госпоѓо судијке, не сум јас за да работам со луѓе, јас сум за со животните”. Инаку, овој обвинет претходно изјави дека работи како дресер на кучиња. 

„Таму никој не ми наредува, таму јас наредувам”, рече Југ. 

Ваквиот одговор на Југ ја насмеа Кацарска и сите останати во судница. 

К.Д.

 

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе