По трагичната сообраќајка во Бугарија

Јовески: Немаме нови информации за несреќата, целосно соработуваме со бугарските обвинители

До овој момент обвинителството нема нови информации во врска со сообраќајната трагедија, ниту се договоривме да ни ги доставуваат сите информации. Ние сме убедени во професионалноста на бугарските обвинители и дека ќе ги расветлат сите околности околу трагедијата, вели државниот обвинител Љубомир Јовески.

Во изјава за телевизија Телма, Јовевски потврди дека имало определени проблеми вчера нашите експерти од судска медицина да влезат на обдукцијата, но тие се надминати и сега нашите претставници од судска медицина работат на обдукциите.

„Ние уште вчера се договоривме со обвинителот кој ја води истрагата во Бугарија да обезбедиме биолошки траги од роднините на загинатите. Уште вчера во Институт за судска медицина беа собрани поголемиот дел од овие траги. Сабајлето бев информиран дека уште два-тројца членови на семејствата треба да дадат биолошки траги и очекуваме во текот на денешниот ден да заврши овој процес. Договорени сме со бугарскиот обвинител да прати истражители за да му ги доставиме примероците од ДНК анализите кои ќе се извршат во Скопје и кои ќе се споредат со податоците од обдукциите на починатите и ДНК анализите извршени во Софија“, нагласи Јовески.

Тој, како што рече, засега не може да каже кога ќе биде испраќањето на посмртните останки од Бугарија во земјава, но сепак, очекува дека тоа скоро ќе се направи.

На прашањето во однос на „Беса транс“, контролата на овој превозник, техникиот преглед и исправноста на автобусот, државниот обвинител одговори дека во овој момент не би ги коментирал определените факти и околности.

„Во текот на оваа постапка на истрагата што ја водат бугарските обвинители, покрај другото ние изразивме подготвеност целосно да соработуваме за сите оние прашања, документи и податоци што им се неопоходни“, потенцира Јовески.

Тој додаде дека прво ќе се причека исходот од постапката во Бугарија, а потоа, зависно од сето тоа, ќе се процени и ќе се донесе соодветна одлука во Јавното обвинителство.

Според Јовески, треба да се преземат сите мерки за да не доаѓа до вакви несреќи.

„Во делот на нашата надлежност сосема е јасно дека ќе ја причекаме постапката што се одвива во Бугарија зашто таму се испитуваат сите аспекти на конкретниот настан. Уште вчера соопштив дека одредена документација за возилото е обезбедна и ќе биде ставена на располагање на обвинителите во Бугарија“, дециден е Јовески.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе