Jaвно обвинителство

Јовески за несреќата кај Ласкарци: Уште не е утврдена одговорноста за несреќата, возачот добива закани

Возачот на автобусот во кој на 13 февруари загинаа 15 лица на автопатот Скопје - Тетово бил следен и добивал закани по живот, изјави денеска јавниот обвинител Љубомир Јовески. Тој вели дека обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ќе одговара за трагичната сообраќајна несреќа кај Ласкарци.

„Постои сознание во обвинителството дека возачот добивал закани по живот. Апелирам да се почитува пресумпцијата на невиност, особено во делот на заканите кон возачот. Обвинителството сè уште не може да ја посочи вината кај некое лице. Преземени се повеќе мерки за утврдување на причините за несреќата. Се вршат вештачења. Откако обвинителството ќе ги има доказите, ќе соопшти кои се причините и евентуалната одговорност на сторителите на кривичното дело. Се сослушуваат сведоци. Нема податоци кој ја има одговорноста за несреќата“, вели обвинителот Јовески.

Тој вели дека обвинителството не ги добило сите материјали кои биле побарани од компанијата „Дурмо турс“, сопственик на патничкиот автобус. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе