Јовески тврди дека снимката во „Ла Верита“ не е излезена од Обвинителството

Видео снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“ и на која, наводно, се гледа како Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев не протекле од Обвинителството.

„Снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство“, изјавил  Јовески за „Независен весник“.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, пак, не прецизираат дали снимката им е позната и дали ја имаат како доказен материјал.

„Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази“, изјавија претходно од Обвинителството.

Во објавеното видео што било снимено во февруари годинава, како што наведува весникот, се гледаат спакувани евра со рачно испишани спецификации на листови хартија, а се слуша и разговор на Јовановски и Камчев за предмет на СЈО во кој ја спомнуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе