Јавниот обвинител посочи негативен пример

Јовески смета дека на судиите што го ослободија Латас не им е место во правосудството

Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера рече дека поддржува ветинг во правосудството за обвинители и судии, посочувајќи ја како негативен пример ослободителната пресуда за новинарот Драган Павловиќ – Латас, кој од СЈО беше обвинет за бесправна градба. Јовески кажа дека на таквите судии не им е местото во правосудството и смета дека Судскиот совет треба да го испита случајот.

„Прашањето за ветинг го поддржувам. Вкупното правосусдство, и обвинители и судии да бидат подложени на некој проверка. Видовте што стана со последната одлука во делот на противправно градење. Видовте како судијата ја толкува таа одредба и мислам дека на таквите судии не им е место во правосудството и веројатно Судскиот совет во соодветна постапка треба да го испита тој дел. Таму, јас после објавување на пресудата барав и судска праска, а судската пракса во однос на овие дела е сосема јасна. Не се бара ниту записници од инспектори, ниту дали некој пријавил или не. Доволно е лицето да почне да гради без одобрение за градба", кажа Јовески на денешната прес-конференција за истрагата за уапсените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, одговарајќи на новинарско прашање за ветинг во правосудството.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе