„Обвинителството презема дејствија во насока да се утврдат докази за тие недвижности и овие плацеви се замрзнати што значи е забрането нивно оттуѓување и располагање. Тоа се однесува за недвижностите во Скопје. Обвинителството истражува и други околности во врска со овој случај и ќе видиме до какви факти и податоци ќе се дојде во текот на истраната постапка“, рече Јовески.
Воедно, тој збореше и за случајот „Рекет", односно истакна дека овој судски предмет воопшто нема да влијае на случајот „Империја".
„Немаше ниту предмет да отвориме, ако не беше пријавата. И матерјалните докази, снимките беа од сведокот и тогаш беше проценка на обвинителството кој интерес е поголем. Подобро е да се отвори тој предмет, да се утврдат фактите и да се понесе кривична одговорност на оние кои ги сториле“, рече Јовески.
Тој додаде дека преземањето на предметите на СЈО е за да може кривичниот прогон непречено да се одвива.
„Истрагата за „Поштенска банка” е завршена и обвинителот веќе ја известил одбраната и обвинителот работи на донесување на обвинителска одлука. Обвинителството ќе излезе и со информација и каква ќе биде одлуката на јавниот обвинител по овој предмет“, рече Јовевски.
Во врска со предметот „Попис" истрагата е завршена и обвинителката која постапува по предметот и изготвува јавно обвинителската одлука и во основа тој предмет се засноваше врз основа на прислушуваните разговори, но на обвинителството му е забрането да ги користи „бомбите" како докази.