Јовески: Се истражуваат и други недвижности за случајот „Плацеви на Водно"

Освен плацевите на Водно, за кои минатата недела обвинителството отвори истрага против поранешниот премиер Никола Груевски, првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески вечерва во интервју за ТВ 24 рече дека се истражуваат и други недвижности во врска со овој предмет.

„Обвинителството презема дејствија во насока да се утврдат докази за тие недвижности и овие плацеви се замрзнати што значи е забрането нивно оттуѓување и располагање. Тоа се однесува за недвижностите во Скопје. Обвинителството истражува и други околности во врска со овој случај и ќе видиме до какви факти и податоци ќе се дојде во текот на истраната постапка“, рече Јовески.

Воедно, тој збореше и за случајот „Рекет", односно истакна дека овој судски предмет воопшто нема да влијае на случајот „Империја".

„Немаше ниту предмет да отвориме, ако не беше пријавата. И матерјалните докази, снимките беа од сведокот и тогаш беше проценка на обвинителството кој интерес е поголем. Подобро е да се отвори тој предмет, да се утврдат фактите и да се понесе кривична одговорност на оние кои ги сториле“, рече Јовески.

Тој додаде дека преземањето на предметите на СЈО е за да може кривичниот прогон непречено да се одвива.

„Истрагата за „Поштенска банка” е завршена и обвинителот веќе ја известил одбраната и обвинителот работи на донесување на обвинителска одлука. Обвинителството ќе излезе и со информација и каква ќе биде одлуката на јавниот обвинител по овој предмет“, рече Јовевски.

Во врска со предметот „Попис" истрагата е завршена и обвинителката која постапува по предметот и изготвува јавно обвинителската одлука и во основа тој предмет се засноваше врз основа на прислушуваните разговори, но на обвинителството му е забрането да ги користи „бомбите" како докази. 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе