Јовески, Русковска и Вели на Меѓународна конференција на шефовите на обвинителствата од Европа

Љубомир Јовески, македонскиот јавен обвинител, заедно со јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Елвин Вели и обвинителката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска учествуваат на Меѓународна конференција „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот  интерес во светло на препораките од Европската конвенција за човековите права“, која од 6 до 9 јули се одржува во Санкт Петербург, Русија.

На конференцијата на повеќе теми свои излагања имаа шефовите на обвинителствата од европските држави, пред кои поздравно се обратија генералниот обвинител на Руската Федерација И.В. Краснов,  претседателот на Меѓународната асоцијација на обвинители, Чеол-Кју Хванг, генералениот директор за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа Ц. Гакумопулос, претседателот на Консултативниот совет на обвинителите од Европа А.В. Ногуера,  претседателот на Европската комисија за ефикасност на правда  Р. Гурбанов и потпретседателот на Венециската комисија Бази Малаури.

Говорејќи за обвинителите како учесници во судската постапка и за заштита на човековите права и улогата на обвинителствата согласно Европскиот суд за човекови права, шефовите на обвинителствата од Европа се осврнаа на заштитата на јавниот интерес и гарантирањето на правата на поединецот во кривичната постапка, но и за улогата на јавните обвинители во заштитата на јавниот интерес и индивидуалните права надвор од кривично правната област.  Во таа насока, присутните дадоа мислење за европските правни стандарди во светло на Препораката CM/Rec (2012)11 – Улога на јавните обвинители надвор од  системот на кривична правда.

На меѓународната конференција учесниците опфатија дел од областите каде обвинителите имаат значајна улога за обезбедување на усогласеност на националните законодавства со европските потреби. Стана збор за приоритетни области, како што се заштитата на животната средина, заштитата на социјалните права на граѓаните со осврт на здравствената заштита, борбата против компјутерскиот криминал, заштитата на правата на претприемачите, развојот на институтот –  обезбедување бесплатна правна помош.

Љубомир Јовески во своето излагање особено се осврна на борбата против илегалната миграција во контекс на заштитата на правата на мигрантите и борбата против заканите од тероризам.

Јовески на покана на руските медиуми даде изјава за значењето на конференцијата и јакнењето на меѓународната соработка, соопшти Јавното обвинителство.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе