Заклучоци од колегиумот

Јовески ќе бара од Собранието да го толкува Законот за СЈО

Јавниот обвинител на Република Македонија во проширен состав со учество на обвинители од Вишото јавно обвинителство Скопје, Гостивар, Штип и Битола, како и обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, заради законито постапување на обвинителството и нарушување на принципот на легалитет го разгледа начелното правно мислење на Врховниот суд и донесе заклучоци дека начелното правно мислење на Врховниот суд ја нарушува законитоста на судовите и на јавните обвинителства , поради што ќе поднесеме барање за автентично толкување на член 22 законот за СЈО до Собранието на Република Македонија, согласно член 175 од Деловникот на Собранието.

Ова денес го соопшти јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески по одржаниот колегиум во врска со донесената одлука на Врховниот суд на Република Македонија дека СЈО не може да поднесува обвиненија по рокот од 18 месеци откако се преземени прислушуваните материјали.

Јавниот обвинител Јовески соопштувајќи ги заклучоците од одржаниот колегиум посочи дека мислењето на Врховниот суд е донесено е без да постои различна примена на законите од пониските судови и е противречно само на себе.

„Наспроти одредбата дека ова јавно обвинителство во рок од 18 месеци од примање на материјалите и преземањето на предметите може да поднесе обвиненија, и да донесе наредба за запирање на постапките овој рок во мислењето се смета само од денот на примање на материјалите, но не и од денот на преземањето на предметите. Врховниот суд излегол надвор од своите законски постапувања. Јавното обвинителство ќе ги преземе за натамошно постапување предметите за кој јавниот обвинител на СЈО ќе се огласи за ненадлежен", посочи Јовески.

Јавниот обвинител дополни дека ја почитува самостојноста на СЈО и рече дека колегиумот едногласно утврдил дека постапувањето на обичното обвинителство ќе зависи од одлуките на СЈО.

„Начелните правни мислења на Врховен суд не се еднаш засекогаш дадени и може да го измени ова мислење", посочи Јовески.

На прашање што ако Собранието нема донесено одлука за Законот за СЈО, а предметите по жалба стасаат до Врховниот суд, Јовески рече дека тоа е работа на Врховен и нема намера да се меша во нивното постапување.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе