Официјалното соопштение е најавено за утре

Јовески го испрати дописот до СЈО, тимот на Јанева ќе се состане утре

СЈО претпладнево го доби дописот, што до нив го испрати државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите. Од СЈО за МКД.мк потврдуваат дека добиле писмен допис од ЈО, но појаснуваат дека детели и појаснување ќе соопштат утре откако тимот обвинители ќе одржи колегиум, по што ќе излезат со официјално соопштение. 

Јовески вчера рече дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо.

Државниот јавен обвинител смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија беше известено со писмен допис дека јавните обвинители од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) се овластени да ги достават предметите во ЈОРСМ. Следи взаемно договарање околу техничките детали за предавање на предметите, моментот и редоследот. Обвинителството е подготвено, има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети. По пристигнување на предметите и нивно распределување по обвинителствата, постапувањето од страна на ЈО ќе тече согласно законските надлежности. Се надеваме дека процесот ќе тече брзо“, вели Јовески.

Јанева испрати телеграма од Истражниот затвор во Шутка до тимот обвинители со кое им даде овластување да може да ги предадат предметите во Јавното обвинителство. 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе