Јовановски: Во Меѓународен сојуз беа потпишувани договори и од други лица, не само од Ременски

Во Меѓународен сојуз беа потпишувани договори и од други лица кои беа дел од него, а не само од Фросина Ременски, изјави во воведни зборови Бојан Јовановски, на денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз.

Јовановски, кој е првообвинет во случајот, нагласи дека ќе докаже оти не се работи за никаква измама и побара целосно да му биде вештачен телефонот, бидејќи, како што рече, во него има и други фотографии и обвини оти нив не ги штити пресумпцијата на невиност.

Кажа дека во овој случај се работи за интерес на бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзовски, и оти не постои ни „и" од измама.

Јовановски нагласи дека идеен творец на проектот била пензионерката Лилјана Тодоровска и таа ги примила средствата од бизнисменот Силјан Мицевски.

Во случајот „Меѓународен сојуз", заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, обвинети се и Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама" и „перење пари".

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз" на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе