ЈО предложи притвор за 16-годишникот кој во сообраќајка усмртил 47-годишна жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка и притвор за дете во судир со законот на возраст од 16 години за кое постои сомневање дека извршило дејство кое со закон е определено како кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Вчера на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, детето во судир со законот управувало патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил на условите на патот. Од тие причини, кога стигнал пред клучката кај Бит Пазар, не бил во можност навреме да го запре автомобилот и со предниот десен бочен дел од возилото удрил во телото на жена, која како пешак го поминувала коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од ударот, оштетената добила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Надлежниот јавен обвинител, оценувајќи дека постои опасност детето во судир со законот да избега, да ја попречува постапката со влијание врз сведоците или да го повтори делото, на судијата за деца му предложи да определи мерка притвор“, соопшти Јавното обвинителство.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе