ЈО: Исказ ќе дадат сите замешани во случајот „Рекет“

Од обвинителството гонење на организиран криминал и корупција официјално за МКД.мк потврдуваат дека засега повикана да даде исказ за „Рекет" е обвинителката на СЈО Лиле Стефанова.

Обвинителката Вилма Русковска е на одмор, а на работа се враќа неделава. Од ОЈО точен ден кога Русковска почнува со работа не соопштуваат. Во врска со тоа дали и други лица меѓу кои и Јанева се повикани да дадат исказ, од ОЈО велат дека во интерес на постапката не можат да откријат, но додаваат дека тоа не значи дека не се повикани и други лица.

Русковска  е задолжена за истрагата за „Рекет“. 

На годишен одмое е и Катица Јанева. За неа нема ниту покана за исказ во ОЈО за гонење на организиран криминал, ниту пак добива статус на осомничена и за неа да бидат побарани и определени мерки за обезбедување на присуство во текот на истрагата. 

Неделава, а најверојатно утре, исказ за „Рекет“ ќе дава Стефанова, а по неа, најверојатно и Јанева. 

Стефанова цврство стои над ставот дека истрагата за „Империја“ ќе продолжи и дека СЈО има цврсти докази за неа. Цврста во ставовите дека не е вмешана во „Рекет“ е и Катица Јанева. 

И Русковска е децидна, дека истрагата за „Рекет“ е во тек и дека се презема се што е потребно, а можно е и да се прошири. 

К.Д.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе