Јавното обвинителство ги проверува наводите на ВМРО-ДПМНЕ за изборни закани

Oд Јавното обвинителство велат дека се проверуваат наводите на ВМРО-ДПМНЕ според кои полицајци, началници и функционери во Прилеп се организирале за да им се закануваат на претставниците на таа партија на изборите. Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави, како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите, велат од Јавното обвинителство.

„До надлежното основно јавно обвинителство се доставени наводите со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела, да се постапи согласно законските надлежности', велат од Обвинителството и потсетуваат дека во функција е електронската адреса [email protected] на која може да се пријават сомненија за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе