Судењето за „Таргет-Тврдина“ затворено

Јавноста нема да ги чуе сведочењата на вработените во УБК

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина", но рочиштето ќе биде затворена за јавноста, од причина што ќе сведочат вработени од поранешно УБК. Застапниците на обвинението изјавија дека и следните рочишта ќе бидат затворени за јавноста токму од оваа причина.

Предметот е во фаза на презентирање на докази обезбедени со распит на сведоци.

Досега во оваа постапка сведочеа свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Предметот го води Кривичниот совет составен од судијата Џенета Бегтовиќи и Владимир Туфегџиќ.

Обвинението е застапувано од обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе