На барање на СЈО

Јавноста исклучена од судењето за „Трезор“, се сослушува сведок од УБК

На барање на СЈО, поради чување службена и деловна тајна, судот ја исклучи јавноста од судењето за случајот „Трезор". Рочиштето продолжи со сведоци,  а барањето на СЈО е поради тоа што се сослушува вработена во УБК. На денешното рочиште треба да сведочи уште еден сведок предложен од обвинителството.

Во „Трезор" првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе