Совет за реформи во правосудството

Јавните обвинители да ги избира Советот на јавни обвинители, а не партиите

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата е решение кое отвара врата за политизација во јавнообвинителскиот систем, им препорачаа членовите на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството на политичките партии и пратениците во Собранието. 

На денешната тринаесетта седница на Советот, како што соопшти владината прес-служба, била презентирана информација за разговорите за обезбедување мнозинство за донесување на Законот за Јавното обвинителство.

„Постапка во која политички партии, односно опозицијата би предлагала јавен обвинител, може да обесхрабри квалитетни обвинители да се јават на конкурсот за шеф на обвинителството. Поради тоа, Советот препорачува да не се прави исклучок за кое било јавно обвинителство и да се задржи уставниот принцип Советот на јавни обвинители да ги избира шефовите на јавните обвинителства”, се вели во соопштението.

Министерката за правда, Рената Дескоска, информирала за текот на разговорите, за решенијата за статусот на обвинителството надлежно за гонење висока корупција, за прашањата поврзани со Специјалното јавно обвинителство, за критериуми за избор на обвинители и за други прашања отворени за време на разговорите. 

 

 

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе