Локални избори

Јавни обвинители ќе дежураат поради евентуални кривични дела поврзани со изборите

„Ја известуваме јавноста дека и во текот на утрешниот изборен ден од вториот круг на локалните избори, ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. Во процес на меѓусебно координирано известување, Комисијата ќе го следи процесот на гласање во сите општини каде има втор круг од изборите. Итно и со приоритет обвинителствата ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите“, велат од Обвителството.

Јавното обвинителство преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес.

„Јавните обвинители посветено постапуваат во борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, давајќи придонес кон нивно сузбивање и превенирање. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување“, пишува во соопштението.

Јавното обвинителство потсетува дека во функција е отворената електронска адреса [email protected], каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе