Јавната седница за притворот на Мијалков го одложи рочиштето за „Таргет-Тврдина“

Јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје закажана за жалбата за притворот на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за случајот „Титаник 2" го одложи судењето за „Таргет-Тврдина" на СЈО. Причината е што второстепениот суд за денес во 13 часот закажа седница на која ќе се разгледува жалбата, па термините се поклопуваа бидејќи рочиштето за „Таргет-Тврдина" беше закажано за во 12 часот. Следното рочиште е закажано за 3 ти април. 

За денешното рочиште беше предвидено да сведочи свиркачот од МВР Звонко Костовски кој заедно со Ѓорѓи Лазаревски го открија масовното прислушување во УБК.

Во предметот „Таргет-Тврдина" покрај Мијалков обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинет на Мијалков – Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. 

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе