Обид за убиство

Jaвен обвинител од Гостивар прободен со нож

Обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство – Гостивар извршен е изутринава во 5.30 часот во гостиварското село Чегране. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот, по што е пренесен на скопските клиники. МВР попладнево информира дека се приведени три лица, а дека обвинителот бил прободен со нож по претходна расправија поврзана со сообраќајно недоразбирање

Како што информираат од Јавното обвинителство на Македонија, јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.

Министерството за внатрешни работи информира дека три лица се осомничени и приведени за физички напад со остар предмет врз обвинителот Х.И.(39) од село Форино, што се случил утрово, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот.

„Утрово во 6.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од село.Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од село Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во село Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.

Обвинителот бил бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат" за укажување на лекарска помош, додека тројцата приведени со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар, се вели во соопштението од Министерството.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе